МВР тврди – ги почитуваме и спроведуваме сите препораки за заштита на полициските службеници 

Oд Министерството за внатрешни работи информираат дека во целост ги почитуваат и спроведуваат препораките и заклучоците на Владата во справување со коронавирусот и е прва институција во државата која успеала во овој специфичен период да спроведе постапка за набавка на неопходните средства и опрема за заштита на полициските службеници, а паралелно со тоа преку дипломатски контакти успеавме да обезбедиме и дополнителна заштитна опрема која во целост е ставена и распределена  до сите Сектори за внатрешни работи“, велат од МВР во своето соопштение до јавноста.

Нагласуваат дека во изминатиов период, со цел да се обезбедат безбедни услови за нормално функцинирање и извршување на работните задачи, била извршена  и дезинфекција во просториите и објектите каде е утврдено дека престојувале вработени лица за кои е потврдено дека се позитивни на тестот за коронавирус, а тоа ќе се прави и за секој нареден случај.

„Исто така, според протоколите предвидени за вакви ситуации, од страна на епидемиолози направени се интервјуа и на вработени кои биле во непосреден контакт со заболените и во соработка со нив се утврдува за кои лица се издаваат решенија за изолација и изјави за самоизолација. Во однос на исплатата на дополнителни средства на полициските службеници кои се наоѓаат на одредени пунктови, во целост се почитуваат правата на вработените на МВР и во вакви ситуации загарантирани во колективниот договор и во Законот за внатрешни работи, стои во соопштението до јавноста на МВР .

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ