30-дневен притвор за поранешниот директор на СОЗР Доневски

Финасиската полиција обелодени злоупотреба на тендер тежок 10 милиони евра. Осомничени поранешниот директор на СОЗР Васе Доневски и сопственикот на Секјуриком Мултисервис Интернационал ДОО Скопје.

Поранешниот долгогодишен директор на службата за општи и заеднички работи на владата Васе Доневски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба, а по барањето на јавнотот обвнителство, судот му одреди 30-дневен притвор. Управата на финасиската полиција чешлајќи ги тендерските постапки спроведени од Доневски, открила криминал за склучен тендер тежок 10 милиони евра. Тој и сопственикот на фирмата „Секјуриком мултисервис Интернационал ДОО Скопје“ Волфганг Гампер од Австрија го изиграле законот за јавни набавки, прескокнувајќи процедури за да ја елиминираат конкуренцијата.

Финансиските полицајци велат дека во втората фаза од истрагата која продолжува ќе се обидат да отркијат дали и останатите фирми кои дале согласност дека ќе се јават на тендерот, се вмешани во финансиската измама.

Доказите на финасискта полиција биле пронајдени и на хартија и на електронски уреди, одземени од домовите на осомничените. Материјали се криеле и во возило. „Секјуриком“ со седиште во Скопје првите чекори во бизнисот ги прави токму во Македонија, и тоа веднаш со договор со владата, тогаш предводена од премиерот Љубчо Георгиевски, за да продолжи успешната тендерска низа во наредните 16 години. Уредувала, чистела, давала дактилографски услуги и обезбедувала со над 300 вработени, за цени еднаш пониски еднаш повисоки, иако сите тендери надминуваат милионски суми.

Васе Доневски се смета како близок човек на премирот Никола Груевски, за во 2015 ќе биде споменат и во аудио разговорите од прислушуваните материјали од тогашните министри Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски. Доневски засега останува во полициска станица, откако синоќа беше приведен. Не е познато дали обвинителството кое го превзема предметот ќе бара мерки против него.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ