Реорганизација во охридска болница откако Битола станува регионален центар за Ковид 19

По скандалот со жената која не беше примена во охридската болница, па почина дома, сега Битолската болница се подготвува за да биде регионален центар за болни од Ковид 19.

Во моментов таму има само 1 пациент, донесен од охридската болница каде пак се направи реорганизција. Новиот директор на охридска, Горан Балевски вели дека е формиран тријажен центар каде ако пациентите се сомнителни на ковид се испраќаат на инфективното одделение, доколку имаат други здравствени проблеми тогаш се упатуваат во одделенијата кои би можеле да им помогнат. Во моментов сомнителни на ковид во Охридска болница има 6 пациенти чии резултати од тестирањето се очекиваат. На инфективното одделение работат тројца доктори, двајца специјализанти и 20 медицински лица, па поради ова Балевски вели дека е добро што Битола ќе биде центар за болните од корона вирусот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ