Инфективната клиника строго ги почитува препораките за лична заштита

Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби строго се почитуваат препораките за употреба на лична заштитна опрема од страна на здравствените работници, како и соодветната организираност и одржување на клиничкиот објект. Ова го констатирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој вчера извршил вонреден инспекциски надзор таму.

Во извештајот се посочува дека во Клиниката се хоспитализирани само пациенти со инфекција од КОВИД-19 и во моментот на надзорот има вкупно 77 пациенти, од кои на респиратор се 11 пациенти, но и дека има уште слободни респиратори и болнички легла.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ