
Празни улици и полни домови, Куманово втор ден во целосен полициски час
Празни улици, затворени продавници,луѓе на прозорци и тераси и понекој автомобил најчесто полициски или амбулатно возило.
Ова е сликата која денеска ја затекнавме во Куманово по одлуката за владата за вовведување на комплента забрана за напуштање на домовите во текот на викендот.
Кумановци се веќе 50 часа во тотален карантин и во надеж дека епидемијата која се шиви во градот ќе стагнира и запре.
На улиците ретко може да се забележат луѓе, а тие пак гледаат што побрзо да стигнат дома.
Или се излезени во итна набавка на лекови или пак се враќаат од работа, како нашиот соговорник. Осумчасовната смена во болницата заврши а ситуацијата таму како што вели е тешка.
Не секој успеа да се снабди со доволно продукти за да го мине викендот па зароа денеска, со дозвола од локалните власти, неколку продавници се отворени и вршат достава на намирници без разлика на висината на нарачката.
Се бараат основните продукти, средства за хигиени и пелени. Подготвени се да работат и во наредните денови само за граѓаните да останат дома и да не се излагаат непотребно на ризик од зараза.
За разлика од вчера денеска се отворени и три аптеки а според изјавите на вработените работа има и најчесто се работи за лекови за сериозни и тешки болести.
Локалниот кризен штаб и денеска заседаваше.
Бараат од министерството за здравство да направи пресек на состојбата во локалната болница а од МНР список на кумановци кои се на пат кон дома.
Градоначалникот со апел, граѓаните да останат во своите домови а трговците да ги задржат цените.
Тој најави дека ќе изврши дезинфекција во градот и на местата каде се утврдени жаришта на зараза и во тоа ќе ја вклучи и АРМ но и дека ќе дозволи работа на продавници и аптеки и достава на лекови и намирници.
Денеска во градот беа регистрирани нови 21 слуачи на позитивни на коронавирус.
Епидемиолозите ги чекаат нивните идентитети за да почнат со анкетирањето и скринингот.
Од утре кумановци барем делумно се враќаат во нормален живот бидејќи за разлика од останатите градови тука полицискиот час ќе трае од 16 часот па се до изутрина.
Огнен Чанчаревиќ