Вакцината против туберколоза не е превенција од Ковид 19, но земјите каде се уште ја има се помалку погодени

Бе – се – же вакцинирањето во земјава не е поврзано со заразување од Ковид 19. Ова на денешниот брифинг го потврди пулмологот Дејан Докиќ.

Но тој вели дека се уште е во тек испитување кое би открило дали вакцинирањето има некаква врска во превенцијата од корона вирусот.

Според досегашните статистики земјите каде луѓето повеќе не се вакцинираат се попогодени од оние каде се уште се применува оваа вакцина.

Така многу повеќе заразени има во Франција, Шпанија, Италија, Швајцарија, во споредба со земјите од Источна Европа каде има помалку.

Инаку претходниве денови излегоа информации дека здравствените работници во Мелбурн, превентивно добиваат вакцина која се користи за спречување на туберколоза.

Според СЗО важно е да се знае дека оваа вакцина може да го зајакне имунолошкиот систем за подобро да се бори со различни инфекции, вируси и бактерии.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ