Револтирани граѓани реагираат на Деве Баир

Соба во која владее тотален хаос, со отпадоци на сите страни  и згора на се нема каде раце да измиете и покрај главните препораки за борбата со Ковид 19 е првата слика со која се соочила Христина Петрушевска Микиќ на граничниот премин Деве Баир додека го чекала автобускиот превоз заедно со останатите патници за да бидат спроведени до државниот карантин. И покрај прекуокеанскиот лет кој траел 24 часа сликата на Деве Баир е нешто што вистински трауматизира, смета таа .

  • Нѐ затворија во собичка/шупа која не е исчистена, а камоли дезинфицирана, заедно со уште 30-ина патници од кои повеќе од половина оваа пандемија ја немаат сфатено сериозно. Џабе ми е што сум заштитена како космонаут кога 90% од опружувањето е обратно и нема каде раце да се измијат! И покрај повеќе од 5 часа поминати во вакви мизерни услови, уште час и кусур седевме затворени во автобус, пишува на ФБ, Христина Петрушевска Микиќ

Државниот секретар Рашковски со поинаков став граѓаните кои треба да бидат спроведени до државниот карантин имаат две можности да чекаат во автобус или да бидат во тие простории за кои уверува дека се хигиенски, но таа хигиена треба да ја одржуваат и самите граѓани.

  • На граничните премини 24 часа има автобус и откога ќе стигнат да седат во чист автобус туристички вистински модерен или како што направило МВР каде што тие секојдневно вршат исхрана. Ако ги видите сликите ќе видите дека тоа е уреден простор и ќе ве замолам да ја прикажете сликата како изгледа тој простор во нормални услови и ќе видите дека таму има и чешма за вода и столици да седнете. Но потоа ќе видите нечистотија и таму пушат цигари и ќе видите пиво кое не можете да го купите таму или не сте го донеле од пат.

Во врска со неколку реакции на граѓаните за зголемување на цените на чартер летовите Генералниот секретаријат при Владата смета дека и однапред се информирани за цената, но нивно е дали дали ја прифаќаат иста, додава Рашковски.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ