10 проценти од заразените од КОВИД 19 се медицински лица

52 лекари , техничари и медицински сестри заразени со корона вирусот. Здравствените власти смируваат дека иако ова е дури 10 проценти од вкупниот број на заразени, има кој да работи во болниците и амбулантите во Македонија. Згрижебни се пациентите од КОвид и они сп други здравствени проблеми.  Сепак., најризични се тие што работата  на Инфективната клиниката каде што секој ден се хоспитализираат нови пациенти позитицни на корона.  Директорката Милена смирува , вели дека персоналот се држи на дистанца.

Персоналот е во стабилна состојба. Изложени се на ризик но се работи најпрофесионално , организирано е така што се комуницира по мобилен преку Вибер апликација. Техничарот кој е позитивен на КОВИД 19 имал минимално движење низ клиниката и се движел само во таканаречените чисти делови на објектот, вели Милена Стевановиќ, директорка на Клиника за Инфективна

И болницата 8-ми септември се става на располагање во борба со пандемијата. За сега предвидено е 100 болнички кревети да бидат за пациенти позитивни на корона, а доколку има потреба ќе се користат и останатите 500 легла. Битола пак ќе стане регионален центар за да прима пациенти од Пелагонискиот регион. Таму е планирано да се вклучат и да работат  до 1000 медицински сестри и лекари.

Од Здравствен дом Скопје велат дека само една докторка помага во Кумановска болница додека другите се распределни низ поликлиникте низ главниот град.

Најпогодени се медицинските лица од Куманово , Скопје и Гостивар. Во земјава прв заразен доктор беше екс директорка на Клиниката за кожни болести. Потоа уште шестмина беа потврдени позитивни откако биле во контакт со нејзе.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ