
Филипче: Ќе бараме заострување на мерките од владата, пикот доаѓа кон крајот на април
Ќе бараме од владата наредните денови заострување на мерките, бидејќи влегуваме во пикот на заразата или влегуваме во втора фаза од епидемијата. Очекуваме бројот да расте останува прогнозата дека пикот ќе се счучи кон крајот на април со 2000 заразени. Уште еднаш апелираме да се избегнува комуникација и да се придржуваат граѓаните до мерките бидејќи се повеќе болеста покажува асимптоматско ширење. Оваа ситуација може да се спречи само со седење дома.
На посебната наменска сметка за донации веќе се собрани 500.000 евра како и милион парчиња опрема, лекови и друго, но ќе се повтори псотпаката за набавка на респиратори, при што предност има факторот време.