Влегуваме во пикот на заразата, се очекува врвот во следните 2 до 3 недели, властите бараат тимска игра од граѓаните

Влегуваме  во пикот на заразата од ковид 19. И министерот Венко Филипче и претседателот на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски се убедени дека следните 2 – 3 недели се очекува врвот. Министерот на денешната прес конференција најави дека утре на влада ќе побараат поригорозни мерки, какви за сега нема одговор.

На онлајн брифингот со новинарите Караџовски пак го повика населението, помогнете ни бидете нашиот 12 играч

Апелирам да ни помогнете. Останете дома. Нашиот број е ограничен, а нема да можеме сега да продуцираме кадри. За тоа бидете наши тимски играчи, односно бидете нашиот 12 – ти играч. Ако бројќите наеднаш отидат нагоре, спремни сме да превземеме нови мерки односно да ја зголемиме рестриктивноста, изјави претседателот на комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.

Ова доаѓа откако денеска се регистрирани нови 72 случаи во земјата. Куманово има најмногу новозаболени 21.

Но, според Министерот Венко Филипче охрабрувачки е што речиси сите новорегистрирани случаи во претходниве денови биле во самоизолација па не би требало да ја шират заразата.

Но има и во Скопје – 14, Тетово 12, Прилеп 9, Кочани 7, Крушево за прв пат се појавува на мапата со двајца заболени а по еден има и во Штип, Струга, Велес Гостивар,  Радовиш.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 се искачи на 555. Но денеска починати се двајца заболени од ковид. На инфективна починал 63 годишен маж од лабуништа кој бил донесен од охридската болница со тешка клиничка слика. Втората жртва е исто така маж од Куманово кој починал во градската болница 8 ми септември.

Инаку на клиниката во изминатово деноноќие е хоспитализирано и едно две годишно дете но според директорката на инфективна тоа е во стабилна состојба.

До сега на клиниката се даваат два вида на лекови. Првиот е комбинацијата со антималарици а втората е антивирусна терапија за оние кои не би можеле да ја примат првата терапија. До сега антималарици примиле 15 пациенти кои се завршени со третман но лекувањето се уште им трае. Тројца пак сега се моментално на терапија, додека на двајца им се дава антивирусната терапија. За брзо време очкуваме и други признаени терапии да увеземе и да ги користиме до сега сите познати лекарства кои се употребувале, вели директорката на инфективната клиника, Милена Стефановиќ.

Инаку според министерството ние сме втора земја во регионот по бројот на тестови, а сега се прават напори да се стави во функција и лабораторијата во МАНУ каде би се вршеле дополнителни анализи на земените брисови.

Инаку болницата 8-ми септември е веќе подготвена за позитивните на ковид 19, бидејки 75 проценти од инфективната веке е исполнета, а се спрема и дел од болницата во Битола кој е сосема изолиран.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денеска се пуштени 3-ца пациенти.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ