
Протест на занаетчии: Ветувањата дека ќе бидеме помогнати паднаа во вода
Повеќе здруженија на занаетчии во земјава незадоволни од владините мерки „излегоа“ на протест, како што велат бидејќи не можат пред Владата, на социјалните мрежи. Нерзадоволни се дека ветувањата дека ќе бидат помогнати за време на корона – кризата паднале во вода.
„Сведоци сме на огромно незадоволсвото како занаетчии овие денови како некој сака да манипулира со нашата професија. Сите ветувања што ги слушнавме деновиве за наводна помош за занаетчиите како ќе биле потпомогнати во овој кризен период паднаа во вода бидејќи сето тоа излезе дека е голема лага.“- стои во соопштението поддржано од повеќе здруженија на занаетчии.
Велат со владините мерки во ништо не е вклучен занаетчијата и не се исполнети нјивните барања.
„Барањето на занаетчиите беше : Субвенционирање на плата и придонеси за месеци март,април и мај, да бидат вклучени за безкаматен кредит со грејс период на 24 месеци преку банката за развој, одложување на кредити од 6 месеци без дополнителни трошоци и камати во тој период. Од сите овие мерки во ништо не е вклучен занаетчијата, освен наводно субвенционирање на плати за вработени само за април и мај од кој треба да се вратат назад на завршна сметка во 2021 година. Затоа протестираме на сите социјални мрежи и преку медиуми каде што ќе се слушне и види за нашето незадоволство.“- стои во соопштението.