
Мицкоски: Се згрозив вработените во СЈО да добијат пари за плати наместо тие пари да одат за здравствените работници
80-тина вработени во поранешното СЈО ќе ги добијат заостанатите плати за декември, јануари, февруари и март. Владата донесе уредба која овозможува прераспределба на средства за оваа намена од буџетот на Јавното обвинителство. Освен за плати, ќе се пренаменат средства и за заостанатите обврски за тековни трошоци. Уредбата е донесена на Владина седница на втори април, а стапи на сила вчера, со објавувањето во Службен весник.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се згрозил од оваа вест. За него е неприфатливо да се даде приоритет на вработените во поранешното СЈО наместо на здравствениот персонал кој е во битка со короната.