
Инфектолог во Прилеп позитивен на коронавирус
Еден од лекарите во Инфективното одделение е позитивен на тестот за коронавирусот, додека другиот лекар се наоѓа во самоизолација, информираат од локалната самоуправа од Прилеп. Со ова, досега од коронавирусот се инфицирани три лица од здравствените институции во градот, вклучувајќи го и лекарот од Психијатриската болница од Демир Хисар. На Инфективното одделение се наоѓаат три лица заразени со коронавирус и сите се со средна клиничка слика.
Инфективното одделение од понеделник ќе функционира согласно Оперативниот план за работа во услови на епидемија, односно пандемија и тогаш ќе биде утврдено дали постои потреба од дополнителен ангажман на медицински персонал од други одделенија во болницата.