
Затворена епидемиолошката служба во Гостивар поради позитивен на ковид-19
Епидемиолошката служба и микриобиологија на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар од синоќа се затворени. Мерката засега е од привремен карактер откако вчера беше утврден позитивен тест на ковид-19 кај еден од вработените. Десетината вработени се упатени во домашна изолација. Како што објави МИА, ним им се земени брисеви, а мерките кои треба да се спроведат ќе зависат од исходот на тестирањата.