Во земјава досега вратени се 2.207 македонски граѓани

Во земјава вратени од други држави се 2.207 македонски граѓани, во периодот од 22 март до 4 април, информираше денеска МНР. Од пријавени 5.228 лица за враќање во земјава 93 проценти се од Европа. Само 2.890 од нив прифатиле да одата во задолжителен државен карантин по пристигнувањето во Македонија. Од вкупно пријавените, 272 лица се наоѓаат на други контриненти, од кои само 92 се согласиле на карантин по враќањето.

Од МНР информираат дека при репатрацијата на македонските граѓани во соработка со други држави репатрирани се и над 600 странски државјани

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ