Редици пред маркетите во Куманово

Откако Владата воведе полициски час во текот на целиот викенд во Куманово, жителите во брзање се обидуваат да ги набават потребните продукти и намирници потребни за нормално функционирање во наредните два и пол дена.
Владата попладнево донесе одлука според која од вечерва во 21 часот до понеделник 05 часот наутро на сила е забрана за движење на тероторијата на општината.

Одлуката беше донесена откако во последните 24 часа во градот се регистрирани 23 нови случаи на заразени со коронавирусот а меѓу нив има и осуммина доктори и медицински сестри од Клиничкиот центар. Во Куманово досега има 85 заболени од вирусот.

Локалната власт речеиси секојдневно бара градот да се стави во карантин по примерот на Дебар и Центар Жупа

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ