И бездомниците добиваат заштита против короната

Близу 100 бездомници секоја среда и петок добиваат топол оброк во Момин Поток. Во овие вонредни услови јадењето се дели на отворено. Останатите денови во неделата мобилни екипи на Црвениот Крт патролираат низ скопските улици и им делат храна, дезинфициенски, маски и ракавици на луѓето кои живеат на улица.

Од Црвениот Крст на Град Скопје велат дека во услови на пандемија има повеќе луѓе кои доаѓаат во пунктот да земат оброк и алишта.

Луѓето постари од 67 години откако стапи на сила полицискиот час , пакет храна од пунктот го подигаат до 11 часот.  По 21 часот кога е забрането движњето за сите граѓани , капацитетите за привремено вдомување на бездомниците се зголемени, велат од  Министерството за труд и социјална политика.

Инаку во рамките на Црвениот Крст деноноќно функционира и Оперативен ценат за одговор при кастрофи . Тие ја следи состојбата со КОВИД 19 и како работат сите нивни општински организации низ земјава .Се прават анализи и планови за работа во услови на криза.. Раководителот на оперативниот центар Али Самет вели дека периодов најмногу работа периодов имаат во Дебар .

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека околу 30.000 постоечки корисници во системот на социјална заштита ќе добијат плус 1.000 денари плус во април и мај.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ