Банките не се откажуваат од камати за време на мораториумот за рати

Банките нема да се откажат од пресметувањето камати за време на мораториумот на наплата на рати за кредити, воведен поради корона-кризата. Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Штериева во вечерашното издание на Вин-Вин на Телма изјави дека во разговорите меѓу Владата и банките, никогаш не станало збор во т.н. грејс период, односно како што таа вели мораториум на наплата на рати за кредитите, да не се пресметува редовната камата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ