
384 позитивни на Корона вирусот, најмногу новозаболени има во Скопје 12
30 нови потврдени случаи и направени 342 теста за едно деноноќие е најновата состојба со корона вирусот во земјава. 12 нови случаи има во Скопје со што бројката на заболени во главниот град достигна 195. 9 мина новодијагностицирани на Ковид 19 има во Прилеп каде квупната бројка на заболени е 21. Нови 8 заболени има во Куманово кој е втор град по број на заболени со вкупно 62. Нов втор случај има и во Крива Паланка. Дебар каде нема новодијагностициран пациент има вкупно 47 заболени, Штип е со вкупно 15, Тетово 13 а останатите градови 9 градови обележани со црвено на Ковид- мапата имаат под 10 заболени.
Вкупната бројка на заболени граѓани во земјава е 384. Од почетокот на корона кризата до сега се направени 4117 тестови информираат од министерството за здравство. Повеќе детали за состојбите со Ковид 19 во земјава ќе соопшти министерот за здравство попладнево на редовниот прес.
Куманово не се откажува од барањата за ставање на градот во карантин. Како и претходните денови и денеска општинскиот штаб на седницата донел заклучок да бара од Владата целосна изолација на градот со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот. Здравствени власти орават проценки но сеу ште не се одлуќиле за оваа опција
Од Министерството за здравство и официјално известија дека граѓаните кои поминале период од 14 дена во самоизолација и немаат симптоми дека не е потребно лабораториски да се тестираат.
Едни завршуваат со самоизолација други граѓани почнуваат. Според податоците од МВР изминатото денонокие 59 лица добиле решенија за изолација, а 224 граѓани потпишале дека ке бидат во самоизолација Полицајците кои вршат контроли откриле само еден граѓанн кој не бил дома, во одно на непочитувањето на полицискиот час 72 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 41 граѓанин бил приведен.
Елена Ивановска Мукоска