
Хачисон за Телма: Во НАТО сме заедно под една безбедносна покривка
Со честитика за членството на Македонија во НАТО, американската амбасадорка во Алијансата Кеј Белји Хачисон во интервју за Телма порачува дека станувајќи 30-та членка земјава влчегува под заедничката „безбедносна покривка“.
„Северна Македонија е активен учесник во нашите НАТО мисии и од повеќе аспекти веќе е составен дел од нашите активности. Тоа што ние го обезбедуваме е безбедносна покривка. Сега сте дел од договорот на северноатлантската алијанса. Значи тука е европската страна, северноамериканската страна, Канада и САД. Ова е безбедносна покривка која ќе гарантира дека ќе имаме заеднички мисии. Ако сте нападнати, ќе бидете поддржани од вашите НАТО сојузници и затоа ние пред се и го формиравме НАТО. Многу ни е мило да и посакаме добредојде на Северна Македонија“ – вели Хачисон.
Таа вели и дека на состанокот на Министрите за надворешни работи на Алијансата, кој поради вонредните околности со корона- кризата, на кој шефот на македонската дипломатија присуствува за прв пат откако земајава е членка на НАТО, ќе се разгледува како Алијансата ќе одговори на кризата со Ковид 19. Но и барањеата што веќе ги упатија македонските власти.
Со американската амбасадорка во Алијансата Кеј Белји Хачисон разговараше Боби Христов.
На линкот подолу проследете го интегралното интервју