30 нови заболени од Ковид-19, вкупно 384 во Македонија

Потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19 Вкупната бројка на  дијагностицирани изнесува 384 лица Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  384 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

             Скопје – 195

             Куманово – 62

             Дебар – 47

             Штип – 15

             Прилеп – 21

             Тетово -13

             Струга – 9

             Велес – 6

             Битола – 4

             Охрид – 3

             Кавадарци – 2

             Гостивар – 1

             Гевгелија – 2

             Струмица- 1

             Крива Паланка – 2

             Кочани – 1

 

Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.

Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ