Вработените во јавниот сектор годинава ќе останат без регрес за годишен одмор

Забрана за нови вработувања во јавниот сектор, освен во здравство и почнатите постапки, за кои има согласност од финансии. Ова е само една од новите владини мерки, усвоени вечерва. Годинава без регрес за годишен одмор ќе останат вработените во јавниот сектор, а ќе им се скратат и други права од општиот колективен договор.

Се одложуваат и правата од колективниот договор во културата. Државните институции во овој период не смеат да набавуваат опрема, нови возила и мебел.

Акционерските друштва во државна сопственост пак ќе треба да ги намалат расходите за 15 %, а трошењето треба да го скратат и другите буџетски институции. Владата вечерва одлучи околу 50 милиони евра од европска инвестициска банка да ги префрли во развојната, за поддршка на малите и средни бизници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ