МАПАС: Парите во задолжителните пензиски фондови се личен имот на членовите

Средствата на задолжителните пензиски фондови се во сопственост на членовите на пензиските фондови. Тие се евидентирани на индивидуални сметки во пензиските фондови и претставуваат личен имот на членот. Секоја интервенција врз средствата на членовите е исто како интервенција во штедна сметка во банка, удели во инвестициски фонд и слично. Секоја интервенција на уплатата на придонесите на индивидуалните сметки го загрозува износот на пензијата на идните пензионери, реагираат  од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС на како што велат информациите во медиумите за примена на мерки за помош на економијата преку интервенција во вториот пензиски столб.

Една од целите поради кои е креиран вториот столб, велат од Агенцијата, е во иднина да се намали фискалниот товар на државата при исплата на пензиите.

-Секоја краткорочна мерка поврзана со интервенција во капитлано финансирано пензиско осигурување ќе влијае негативно на долг рок и ќе го зголеми фискалниот товар на идните генерации-  стои во соопштението од МАПАС.

Информираат дека во моментов во задолжителните пензиски фондови членуваат околу 515.000 членови.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ