Кумановци расчистувале „стари сметки“ за време на полициски час

Кумановец кој пристигнал од Хрватска на 18 март,  земја со среден ризик за  шириење на Ковид 19 при влез во државата потпишал изјава за самоизолација, но кога полицијата извршила контрола тој не бил затекнат во неговиот дом. Кумановското јавно обвинителство против него и уште четири лица кои не го почитувале полицискиот час бара да бидат казнети со казна од по 2000 евра. Тројца кумановци за време на полицискиот час решиле да се пресметаат со човек со кој имале претходно недоразбирања. Започнале вербална расправија, а потоа и физички се пресметале.

Јавното обвинителство бара казна од по 2000 евра за тројца скопјани кои вчера не го почитувале полицискиот час. Во Битола пак две лица без дозвола за движење за време на полициски час, се движеле со возила по улиците на градот, за нив Јавното обвинителство на Судот му предложи идентична казна .

На ниво на цела држава по 21 часот полицијата евидентирала 46 лица кои не ја почитувале забраната за движење. 17 се приведени, додека за останатите се изготвени записници.Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале  изјава  за самоизолација.  Полициските службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е  дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во  својот дом.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ