
Почина жена од Струга од корона вирус, 25 новорегистрирани случаи
Една почината, 25 новозаболени од корона вирус и петмина излекувани пуштени на домашно лекување е билансот во изминативе 25 часа во земјава. Вкупниот број се искачи на 354 регистрирани случаи, а по градови новозаболени има за прв пат во Кочани еден случај, додека во Скопје уште седум исто и куманово, во тетово петмина прилеп и струга по двајца и гевгелија еден. Според министерот за здравство Венко Филипче починатата е жена на 65 години која освен корона имала и бројни заболувања на белите дробови, висок притисок и била дијабетичар.
Инаку, стигнале резултатите од жената од Лабуништа која почина пред неколку денови во Струшката болница, и е потврдено дека и таа била позитивна на вирусот.Според Филипче се истражува дали 4 медицински лица од Штип се заразени со корона откако и пружале нега на 80 годишна старица. Првичниот тест на старицата бил негативен, но откако и се влошила состојбата е направен втор тест кој е позитивен. Сега докторите и сестрите се во самоизолација. Во исто време заболена од кораона е и една медицинска сестра од Пулмологија која живее во Куманово.
Инаку според министерот прерано е да се каже дали терапијата која им се дава на пациентите влијае позитивно на нивното здравје и справувањето со корона вирусот. Тој и денеска убедува дека здравствениот систем е подговтвен за да се справи со состојбата, особено ако граѓаните ги почитуваат владините мерки.
Билјана Николовска