Кризниот штаб бара прогласување на кризна состојба во Куманово

Кумановскиот кризен штаб денеска повторно побарфа од бнадлежните да се прогласи кризна состојба на целата територија на Општина Куманово за да се спречи ширење на заразата и зголемување на бројот на заболени лица.
„Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста ЦОВИД-19 (корона вирус). Бараме од Владата да прогласи кризна состојба во Општина Кумановои да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови, со цел да се примени Акцискиот план на Центарот за управување со кризи и спречување на несакано ширење на епидемија вон и кон градот“, соопштија локалните власти.
Куманово е втор по бројката на заразени лица во Македонија. Во мментов таму се потврдени 54 случаи а едно лице почина.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ