
Родилка на ГАК донесена со коронавирус од Куманово, за уште една се чекаат резултатите
Доцна синоќа на ГАК почина 37 годишната родилка од Охрид. Од таму на гинекологија била пренесена со компликации и сепса, која предизвикала смрт кај бебето. Лекарите оперативно го извадиле плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Можна причина за покачената температура е септичната состојба на пациентката. Иако Гинеколозите сметаат дека во овој случај не се работи за коронавирус, но сепак и таа се тестирана за Ковид 19.
Родилка од Куманово која вчера се породила на Клиниката за гинекологија е заразена со коронавирус. Кога била примена на ГАК немала температура но кажала дека пред 3 дена имала сува кашлица и треса а и дека нејзиниот свекор е позитивен на корона. Вчера е пренесена на Инфективна.
Нејзиното бебе се наоѓа на интензивна нега во добра општа состојба и денеска ќе му биде земен брис за да се види дали е позитивно на корона вирусот.
Директорката на ГАК објаснува на кој начин родилки се примаат на оваа клиника и каков е протоколот на работа во овие вонредни услови.
Полесните породувања ќе се изведуваат во болницата во Чаир.
Теодора Цветковска