Судски рочишта за „Т.Н.Т“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Сјо „Т.Н.Т“ и  „Титаник 3“. Во случајот „Т.Н.Т“ обвинети се седум лица за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на партијата за Европска иднина Фијат Цаноски.

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата „Фимет“ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Во Кривичниот суд денеска треба да почне и судењето за предметот „Титаник 3“. Во овој случај СЈО ги обвини координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури, член на општинската изборна комисија за општина Чаир.

Двајцата се товарат за „уништување изборен материјал“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ