
Двајца починати – потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.
Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.
Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје- 175
- Дебар – 47
- Куманово – 47
- Штип- 14
- Тетово – 10
- Прилеп – 10
- Струга – 7
- Велес – 6
- Битола – 4
- Охрид – 3
- Кавадарци – 2
- Гостивар – 1
- Крива Паланка – 1
- Струмица – 1
- Гевгелија – 1
Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.