
По три и пол години затвор за обвинетите во „Титаник 3“ за изборни нерегуларност
Обвинетите во предметот „Титаник 3“, Ејуп Алими и Исмет Гури, денеска добија по три и пол годинио затвор за изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори одржани во 2013 година. На изрекувањето на пресудата беше присутен само Гури, но не Алими. Со помош на сведоци беше докажано дека тие преправале записници за гласање за избор на градоначалник, додавајќи повеќе гласови за кандидатото на ДУИ, на штета на гласовите на другите кандидати, на кои им крателе гласови. Судијката во кривичниот суд Марија Клетничка при читањето на пресудата потенцираше дека Гури му се заканувал на претседателот на изборната комсиија во Чаир и го натерал да ги потпише записниците кои биле сменети. Врз основа на тие записници ДИК потоа ги поништи изборите на тие гласачки места во Чаир.
Обвинителката Фатиме Фетаи денеска побара од судот на Алими и Гури да им биде определана мерка на претпазливост за да се намали опасноста од бегство поради постоење на ефективна пресуда против двајцата обвинети. Таа до судот предложи мерка за одземање на пасошите и забрана за напуштање на местото, градот, на живеење. Адвокатите на обвинетите реагираа на ова барање велејќи дека нема потреба од вакви мерки бидејќи и Алими и Гури биле примерни во текот на целиот судски процес и оти не постои опасност од бегство. тие притоа наведо дека всушност некои од сведоците избегале од земјава.
Судијката Клетничка одлучи делумно да го прифати барањето на обвинителството и само нареди одземање на пасошите на Алими и Гури.
Пресудата за „Титаник 3“ е правосилна, а обвинетите имаат право на жалба.
Ова воедно е прва пресуда за предмет кој го водеше СЈО, а во кој беа обвинети функционери на ДУИ.