
Еден починат од ковид, и 26 нови случаи, синоќа починала жена од Струга посмртно се испитува дали е од корона вирус
79 годишен болен од ковид од Дебар починал утрово на инфективната клиника. Од министерството за здравство информираат дека кај него била дијагностицирана болеста 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март. Од утрво има нови 26 случаи кои се регистрирани како позитивни. За сега не се знае каква е состојбата по градови а од министерството ке испратат дополнителни информации. Вкупниот број на заболени до денес е 285 луѓе откако деветмина се испишани од клиниката и тоа 8 од нив се од Дебар додека 1 од Скопје. Тие последователно на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат.
Но, Синоќа една жена починала во болницата во Струга, а сомнежите се дека е можно да се работи и за позитивна на корона вирус. Ова за Телма го потврди заменик министерсот за здравство Арменд Арслани кој вели дека жената покрај тоа што се жалела на болки во градите имала и други хронични заболувања.
Координативното тело во Охрид денеска држело состанок заедно со епидемиолози и инфектолози за она што се случува во Лабуништа, откако се појавија повеќе сомнителни случаи на корона вирус. На состанокот бил и професорот Миленковиќ од инфектологија во Скопје и предложено е новиот објект за хирургија каде има довод за кислород, да функционира како болница за заразени од корона вирусот за целиот регион.
Во меѓувреме се уште трае инспекцискиот надзор во Охридската општа болница каде не беше примена 66-годишната пациентка од Струга која потоа дома почина од коронавирус. инспекторите потврдиле дека има прекршување во делот за недавање здравствена заштита. Во меѓувреме се земаат изјави од сите кои биле тој ден на работа, а инфективното во охрид е под клуч.
За сега не се знае дали регионите на Лабуништа, и татеши ќе се затвори по теркот на дебар и центар жупа откако епидемијата забрзано почна да се шири. Во карантин се неколку семејства на заразените и починатите, лекарите кои се грижеле за нивното здравје меѓу кои и докторката од Лабуништа која го вршеше транспортот до скопје на една од заразените, а која докторите од инфективната клиника во охрид не сакале да ја примат.
Билјана Николовска