
За четири дена 7, 633 инспекциски надзори
За четири дена 7, 633 инспекциски надзори. Пазарниот иснепекторат затворил 22 угостителски објекти во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово за непочитување на мерките за заштита од Ковид 19. Казнети се и двајца од четворицата увозници на јужно овошје во државата. Инспекторите затекнале рафтови со нереално зголемени цени на дел од производите, особено на лимоните. Директорот на пазарниот инспекторат ги предупреди увозниците да не одат со маржа повисока од 15 отсто. Во спротивно им се закани со казни. Од една страна нереално зголемнување на цените, од друга – нерелани и неточни граѓани пријави.
Непочитувачи и меѓу превозниците. И покрај препораките за преполовивање на бројот на патници, еден од нив продолжил да фукнционира по старо. Полни раце работи, минатата недела имале и санитарните инспектори, инспекторите во Агенциите за храна и за лекови. Апктеките пак дисциплинирани. Ограничен е влезот за граѓаните, а цените на лековите и медицинскиот материјал– засега се непроменети. Инспекторите за храна пак затекнале лоши хигински услови во неколку маркети и месарници, кои иако сакаат да продолжат со работа мора итно да ги дезинфицираат објектите. Меѓу најактивите мината недела биле трудовите инспектори. За четири дена направиле 7.348 контроли. Заклучиле дека најголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од Ковид 19, а бројот на отпуштени работници зарази кризата, дополнително ќе се пребројуваат.
Се прави и месечна анализа за непочитување на уредбата за ослободување од работни обврски на хронично болни, родители на деца под 10 години и останатите категории ризични граѓани.
Весна Дојчиновска