Нова жртва на корона вирусот, почина 79-годишен маж од Дебар, нови 26 заболени, 9 излечени

Уште еден човек почина од корона вирусот во Македонија, јавува министерството за здравство. Станува збор за пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Денеска се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19  имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома, соопштуваат од МЗ.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Се уште се во тек анкетите и од МЗ соопштија дека во текот на денот ќе биде испратена состојбата на заболените по градови.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ