Двајца полицајци од Петровец заразени со корона вирус, 14 нивни колеги во самоизолација

Двајца полицајци од автопатската сообраќајна полиција Петровец се заразени од Ковид 19.  Ова за телма го потврдуваат од МВР од каде велат дека откако викендот им била потврдена состојбата, Комисијата за заразни болести направила интервјуа со сите вработени во станицата.

Утврдила дека според симтомите кои ги имаат останатите полицајци, двајца се од висок ризик бидејќи биле во подолг контакт со заболените, а други тројца имаат среден ризик. Сепак за 14 службеници дале препорака да бидат во самоизолација наредните две неделеи. Оваа вест на фејсбук ја потврди и заменик министерот за внатрешни Агим Нухиу.

Помина нешто повеќе од еден месец кога во земјава беше регистриран првиот позитивен случај на коронавирусот. Оттогаш бројката секојдневно расте така што според последните податоци потврдени се 259 случаи на коронавирус во земјава, шест смртни случаи и тројца излекувани. Во текот на неделава, се очкеува да бидат пуштени на домашно лекување уште седум лица.

Според министерот за здравство Венко Филипче, зголемувањето на бројката на заразени е очекувано, но добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно што значи дека здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти. Рече дека престои најтешкиот период во кој се очекува бројот на заболени и на починати да расте.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ