Две нови жртви од коронавирусот во Македонија

91- годишен пациент кој осум дена се лечел на Клиниката за инфективни болести во Скопје и 31 годишен пациент кому нагло му се влошила состојбата, се двете нови жртви на коронавирусот. Младиот скопјанец  на 23 март бил хоспитлаизиран на Инфективната клиника а починал утрово откако вчера бил ставен и на респиратор.

-Еден ризик фактор е обезноста што ја имал, но клиничката слика што ја покажал и начинот на нејзино влошување е најтешката форма која што е опишана во медицинската литература, со нагло влошување и тој веднаш е поставен на респиратор. Меѓутоа, клиничката слика била со крварење и, на некој начин, распад на белите дробови, рече Филипче.

Роднини на починатиот за Телма велат дека тој бил во лоша состојба уште во четвртокот кога му се намалаил дотокот на воздух и реагираат што дури вчера бил ставен на ресиратор. Објаснуваат дека неговата мајка е хоспитализирана на др сксопска клиника и била негативна на кови 19 а таткото му е заглавен во Ангија и во обид да се врати. Со овие двајца пројката нап очинати достигна 6. Тројца излечени но министерот најави дека во наредните неколку дена уште 7 мина најверпојатно ќе бидат пуштени на домашно лекување откако за дел од нив веке има втор негативен тест. На инфективна има 49  хоспитализирани 49 пациенти, седум се со потешка клиничка слика – пневмонија објасни министерот.

Повеќе од еден месец од првиот сучај на корона во земјава бројката достигна 259. Денеска најмногу нови случаи има во Штип 6 во  Скопје и Велес  по  3, нови 2 во  Струга,  Дебар и Тетово по 1 а за прв пат дијагностицирани од корона има во  Струмица и Гевгелија по еден пациент. Во однос на вкупни бројки први на Табелата се Скопје со 145 заболени а зад него се Дебар со 46 па Куманово 21.

Се уште сме во еден вид војна со корона вирусот оцени министерот за здравство и повторно повика на одговорно однесување на граѓаните и почитување на препораките. Според него добро е што нема нагло зголемување на бројот на заболените и систмеот може соодветно да одговори

-Сакам да упатам јасна порака дека влегуваме во вториот месец од борбата со оваа пандемија која целосно го промени животот, донесе страв и несигурност. Пред нас е најтешкиот период – период во кој бројот на заболени ќе расте во светот, ќе расте и кај нас. Ни претстои период за жал во кој ќе расте и бројот на починати, за ова сите мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и еден млад човек којшто почина. Ова е доказ дека вирусот не штеди никој – никој не е имун ниту е заштитен од него. Сите оние кои досега можеби не беа убедени во опасноста од вирусот и од оваа болест, сега верувам дека им е целосно јасно дека ова е многу сериозна закана, рече Филипче

Од следната недела тестирања ке се вршат и во поликлиниките Чаир и Млин Балкан и во лабораторијата на ветреринарниот институт во Скопје а ќе се отвораат нови пунктови и во другите градови. Следниот период ќе почне и мобилно тестирање во Скопје.  Филипче најави и дека од утре со работа почнува клиниката за кожни болести а очекува резултати од тестираните од  заводот за рехабилитација во Козле .

Елена Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ