КОД во лабараторијата за тестирање на КОВИД 19

Тројца лабарантски техничари  ја направија постапката-откако пациентот на матичен лекар го пополнил прашалникот  алекарот направил проценка дека пациентот има симтоми. Ови елуѓе го земаат брисот од пациентот.

Постапката е куса , малку непријатна во грлото затоа што се зема подлабоко а скокотлива во носот.  Откако ке се изврши земањето брисот патува горе- во лабараторијата  Оваа просторија е мала но целосно дезинфицирана за да бидат безбедни и пациентите и вработените. На заминување не дезинфицираа и нас.

Во Институтот за Јавно здравје дневно се прават и по 100 тестови.  Експертите за лабараториска медицинска дијагностика работат во тимови. Постои соодветен ланец на движење на примерокот и точно се знае кој кога и како ќе го превземе материјалот за тестирање.  Од овде можеше да гледаме само преку прозорецот на лабараторијата каде беа внесени примероците . Понатаму се работи во строго дезинфицирани услови.

Тимот раководен од Прим. Д-р Голубинка Бошевска влегува во просторијата за да почне со работата на тестовите-да види кои примероци се позитивни на КОВид 19 кои се негативни.. Анета Пешначка работи во Институтот повеќе од 20 години. Поминала многу обуки и тестирање на вируси како што се САРС, ЕБОЛА; Птичји Грип..ЗИка ,Жолта Треска а заедно со колегите се едуцирани во странски лабаратории и Институти.

Овие денови работат во несекојдневни и специфични услови Заштитните одела ги штитат и медицинските лаборанти но и самиот поримерок од контаминација.  Професор Бошевска и тимот проверувале со УВ зразци  дали на оделата се задржуваат капките од вирусот.

Се покажало дека ситни капки летаат во воздухот и се задржуваат на облеката и опремата. Затоа е потребна постојана деконтаминација, КОВИД 19 не сака сретства за дезинфекција и сапун.

Иако не е пријатмно да се работи во оваа опрема тимот останива во просторијата до 2 и пол часа со по 50 брисеви. Со сета ова аопрема и начинот на кој се изработува еден тест чини речиси 5000 денари-, поточно фондовската цена е  4 950  но граѓаните не плаќаат ниту денар а оние во приватните клиники од 1200 до 1500 денари.

Додека бевме во институтот тестовите добиваа завршница. Оние кои ќе пчристигнат до 15 часот се изработуваат истиот ден и вечерта  се познати резултатите . Оние кои стасуваат попладне и навечер ќе бидат работени изутрина.

Снежана Лупевска Созен

Гледајте КОД вечерва на Телма во 19.15 часот

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ