
263 лица не го почитувале полицискиот час, тројца наместо во карантин фатени на улица
Сто и двајца приведени, 46 опоменати граѓани и 115 записници доставени до Обвинителството е билансот од вчерашниот полициски час, прв во траење од 16 до 05 часот наутро.
„Во текот на изминатото деноноќие (28/29.03.2020) на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, а за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО“, соопшти МВР.
Според официјалните инфромации на надлежнире, вчера на 180 лица им се издадени решенија за изолација, додека 98 лица потпишале изјави за самоизолација. Во рамките на контролите и проверките на лицата кои треба да се во карантин и самоизолација полицајците направиле 289 контроли и откриле тројца кои не ја почитувале мерката и го напуштиле домот.
Во моментов, над 11 илјади граѓани во Македонија се наоѓаат во карантин или самоизолација.