Семејството на починатата жена од корона вирус во Струга е во шок, денеска е погребана, заболен и доктор од Битола 

Не ја примале на инфективното одделение во охридската болница иако имала симтоми на Корона вирус.

Резултатите од тестот и биле позитивни, ги добила вчера, но рано утрово состојбата уште повеќе и се влошила и починала.

Четврта жртва на корона 19, е 66 годишна жена од околината на Струга која почина под сомнителни околности.

Според Министерството за здравство семејството на починатата жена

на 13-ти март односно пред прогласувањето на кризната состојба било на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори.

Телма разговараше со педијатарот од Дебар, Илбер Кокале кој потврди дека жената со своето семејство уште пред тој да дознае дека е позитивен биле кај него на гости.

Откако дознале за неговата состојба, семејството било во домашна самоизолација.

Подоцна се појавиле и први симтоми па преку матичниот лекар и е закажано тестирање на 24 март.

Брис и е земен два дена подоцна на 26, а резултатите пристигнале после еден ден односно вчера велат од министерството.

“Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.  Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај” – соопшти министерството за здравство.

Телма разговараше со директорката на болницата во Охрид, Славица Малевска која не беше запознаена со случајот.

Побара време да разговара со докторите од инфективната клиника за да се утврди дали навистина и покрај тоа што требало да биде хоспитализирана, жената не ја примиле в болница.

Министерот Венко Филипче денеска пак за прв пат одткако започна корона кризата нема да ја одржи редовната прес конференција.

Од министерството во соопштението уште напишале дека  жената имала и срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Телма успеа да контактира со семејството на починатата кои се во шок. Денеска таа е погребана, само со неколкумина присутни како што се препораките.

Таа е една од 22 нови случаи регистрирани во текот на минатото денонокие на ниво на цела земја.

За прв пат е регистриран болен во Битола, се работи за доктор од болницата Плодност.

Тој на својот фејсбук профил објави дека првиот тест му бил негативен, а по негово инсистирање се тестирал повторно, по што дознал дека е позитивен.

Се сомнева дека и покрај добрата заштита се заразил од пациентка.

“Се правеше строга контрола на пациентките, влегуваа без придружба на влезот, задолжително вршеа дезинфекција на рацете, а на подот за дезинфекција на чевли е поставен специјален бришач со хемиски средства ,без никаква посета на стационираните пациентки. Во еден ваков амбиент некој асимптоматски носител може да го пренесол вирусот и не постои начин како да се одбраните. Мој совет за сите Вас – со оглед на тоа дека болеста има 4 клинички слики при најмал сомнеж за добивање на овој вирус, бидете упорни, тестирајте се, за да исклучите негово постоење. Само така ќе спасите многу животи. Јас се тестирав и покрај тоа што ми е лекарска обврска да спасувам животи, спасив многу животи на поинаков начин” – напиша докторот.

Денеска има нови девет регистрирани во Скопје, Куманово и  Струга по три, Тетово и Дебар двајца, и прилеп двајца.

Со ова, вкупната бројка на болни од корона вирусот во земјава е 241.

Во текот на вчерашниот ден направено е тестрирање на персоналот на Клинката за кардиологија, сите тестови се негативни.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ