Лицата со попреченост бараат поддршка за време на корона-кризата

Лицата со телесен инвалидитет се потешко можат да се снабдат со основните намирници, особено лекови во време кога треба да се држи социјална дистанца, а за нив поради немањето пристап потребна им е асистенција. Досега  велат ваквата аситенција најчесто ја обезбедувале од случајни минувачи, но поради ширењето на Корона вирусот контактот велат со секое лице е опасен.

Претседателот на Здружението Мобилност Велимир Јаќимовски, вели дека  можни решенија може да се најдат во ангажирање на асистенти за оваа категорија граѓани, кои особено во вакви моменти ќе им помагаат за завршување на секојдневните активности.

Министерот за здравство Венко Филипче пак истакна дека досега нити едно здружение нема побарано помош за инвалидизираните лица во време на пандемија на Корона Вирус.

Лицата со телесен инвладитет имаат проблем подолго време со пристап до институциите но и приватните објекти, но во време на пандемија дополнително нивната ситуација се отежнува.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ