
114-те граѓани заглавени во хотелски карантин во Дебар конечно си одат дома
Денеска попладне оклу 15 часот од Дебар преку Полицискиот пункт кај Бошков мост , на патиот правец Дебар – Маврово, заминаа 95 лица кои по прогласувањето на кризна состојба пред 15 дена се најдоа во општините Дебар и Центар Жупа . Станува збор за наши државијани од неколку општини но и на петмина странски државијани од Швајцарија и Србија кои беа во карантин во хотелските капацитети на Дебарските Бањи Цапа во Бањиште. Вчера поради одредени недоразбирања овие лица беа вратени од Пунктот кај Бошков мост.
Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука информираше дека заминувањето од општина Дебар на наведените лица беше со полициска придружба , со претходно добиени персонални решенија за патување издадени од надлежните институции . На овој начин изминатите денови од Дебар заминале и неоклу лица кои биле во некои селски населби во дебарско во нивните вили а биле жители на Скопје и други градови.
Во Дебар останаа над десет странски државијани од Шведска и Албанија кои престојувале како туристи во Дебарските бањи – Цапа , и се во очекување на амбасадите на нивните земји да достават барање за евакуација .
Инаку денеска градоначалникот на Дебар Хекуран Дука информираше дека со оглед дека во Дебар е прогласена и кризна состојба да се даде предност на анализите на тестовите кои пристигнуваат во Скопје , бидејки добро е да се знае објективната бројка на заразени .
Кенан Мимидиноски