Министерство за транспорт: Заштедите на куќните совети да се потрошат за дезинфицирање во и вон станбените згради

Министерството за транспорт и врски преку Регулаторната комисија за домување испрати апел до сите граѓани кои живеат во колективните згради да ги дезинфицираат заедничките простории во зградите.

– Согласно препораките на Главниот координативен штаб, сите заедници на сопственици на станбени згради како и управители на станбени згради потребно е да преземат активности за дезинфекција на заедничките делови и простории на станбените згради, како и на површините околу станбените згради кои се во функција на зградите од собраните средства на посебните сметки за резервниот фонд, доколку за тоа има согласност од сопствениците на посебните делови во станбениот објект за искористување на средствата за оваа намена, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Препораките од Главниот координативен штаб се во насока на спречување на внесување и ширење на коронавирусот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ