
ИЈЗ ги објави општините во Скопје од каде што се лицата кај кои е дијагностициран коронавирусот
Од вкупно 134 заболени во Скопје – најголем број се од Карпош каде има 27, Гази Баба 20, во Кисела Вода 20 и уште 20 во Центар. Од друг град кој живее во Скопје 11, Горче Петров 11, Аеродром 8, Сопиште 7, Бутел 4, Чаир 3, Илинден 2 и еден странец.
Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години. Најголем број на заболени се на возраст од 30-39 години или тоа се 51 заболен што е (23,3%) и потоа 50-59 години – 50 (22,8%) каде е регистрирана и највисока специфична инциденца.
Од пријавените случаи, 48 или 21,9% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а 171 случај се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица, температура, слабост, главоболка , болка во грло и треска, а 67 лица се без изразени симптоми.
Регистриран е 21 случај на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 14 се заболени во болнички/амбулантски услови. Од вкупниот број на случаи, 33 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на влез на аеродромот во Скопје. Во земјава има 210 заболени а во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 109 машки и 110 женски лица.