
Раноградинарите бараат итни мерки за пласманот на производството
Раноградинарите од Банско бараат итни мерки за пласманот на производството. Денеска тие упатија писмо до министерството за земјоделство во кое апелираат да се организира извозот на земјоделските производи што се во ек на берба а пазарите се затворени и нема интерес за откуп.
Најалармантна е ситуацијата кај оние раноградинари во струмичкиот регион кои произведуваат со парно греење. Производниот процес е скап и долготраен а не се сигурни за продажбатан.
Струмичките раноградинари апелираа дека за нив не е потребни други мерки за кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, туку помош за пласирање на пазарите.
Се чека одговор од министерството за земјоделство кое синоќа објави дека раноградинарите не мора да вадат посебни дозволи за работа на пластениците во време на полицискиот час, туку посебни дозволи за движење ќе трба да имаат само сточарите, овштарите, полјоделците.
Сузана Мицева