ФЗОМ ја објави цената на тестовите за Ковид 19

Фондот за здравство ја објави цената на тестовите за Корона вирусот, откако јавноста реагираше дека, разликата во цената на тестовите што се прават на Инфективната клиника и на тие во приватните клиники, е огромна. Тестот во институтот за јавно здравје е бесплатен за граѓаните, но државата ја чини 4.950 денари, додека тестовите во приватните клиники се од  1.200 до 1.500 денари. Од Фондот тврдат дека, лабораториските услуги за серолошки анализи на инфективните причинители се со референтна цена од 1.100 денари, но цената на молекуларните анализи е поголема и зависи од техниката и бројот на причинители. Посочуваат дека постојат повеќе различни лабораториски услуги со референта цена од 3.000 до 5.500 денари кои се објавени во службен весник.

И министерот за здравство денеска рече дека тестовите се набавени по регуларна, пазарна цена, но крајната цена се изготвува според посебна методологија.

За цената на тестовите реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги здравствениет институции за профитерсво во време на криза.

За цената на тестовите денеска е разговарано и во Кризниот штаб. Задолжена е комисија од Фондот за здравство да изготви информација и план за набавка на тестовите и нивната цена.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ