
Во последното деноноќие 18 новозаболени, еден од Клиниката за кардиологија
Ренгенолошки техничар од клиниката за Кардиологија е еден од 18 те ново заболените од Корона вирусот во последното деноноќие. Се чекаат резулатати од тестирање на 15-тина негови колеги информираа од кардиологија. Направена е дезинфекција и Клиниката ќе продолжи да работи со вработените од другиот тим кој немал контакт со заболениот. Ќе се испитува дали свесно одел болен на работа, најави министерот за здравство.
Ова е случка во делот на ангиосалата каде нема лежечки пациенти туку пациенти доаѓаат само за интевервенција на срцето. Во тој дел лекарите во однос на контактот кон пациентите се целосно заштитени заради тоа што таква е технологијата на работа. Но, доколку се установи дека некој се појавил на работа свесен дека и претходно има симптоми ќе следат најстроги санкции, рече Филипче.
Ново заболени има во четири града, 11 во Скопје, четворица во Прилеп, двајца во Куманово и еден во Тетово. Вкупната бројка на забоелни од корона вирус достигна 219 лица. Од нив во Скопје се 134 заболени, Дебар 43 Куманово 17 , а останатите 7 града имаат едноцифрен број на дијагностицирани на Ковид 19.
Министерот информираше дека од 41 пациент во инфективна 7 се во потешка состојба но немале потреба од респиратор, 27 во средна состојба и 7 со поблаги симптоми.
Заводот за рехабилитација во Козле каде претходно беше хоситализиран пацинетот од Тетово позитивен на корона од понеделник најверојатни ќе работи само амбулантски, најави министерот за здравство
До вчера имаше 17-мина здравствени работници беа заболени од Корона. Министерот потенцира дека заболеувањето кај нив воопшто не е резултат на несоодветен пристап ниту пак непочитување на протоколи и вели дел од нив не биле ни свесни дека имаат контакт со заболен.
Дијагностициран од корона има и во ЈСП но не бил возач во јавниот превоз туку технички персонал осноно парикрач, потврдија од претпријатието. Навреме бил хоспитализиран и нема контакт со колгите повеќе од две недели бидејки ја користел владината мерка за хронично болни.
Се зголемува капацитетот на инфективната клиника. Филипче најави дека во просторот до инфективна ќе се прави мобилна клиника со 130 кревети. Донација од 6000 маски деновиве ќе бидат поделени на матичните доктори и оцени дека за сега е добро што бројот на заболени расте линеарно односно приближно бројка секој ден и вели дека капацитети има а здравствените работници се мобилизирани.
Елена Ивановска Мукоска