ФЗО ги објави референтните цени на тестовите за ковид-19

Фондот за здравствено осигурување денеска излезе со обајснување за различните цени за тестовите за ковид-19 откако деновве на социјалните мрежи и медиумите круежа разлчни информации за рефернтните цени на тестовите.

Од ФЗО информираат дека во лабораториската дејност постојат повеќе различни техники за детекција на инфективни причинители како на пример серолошки испитувања при кои се детектираат антитела кон причинителот на инфекцијата, како и молекуларни испитувања при кои се детектира присуството на самиот причинител, во овој случај вирусот

Од Фондот наведуваат дека се формираат здравствени услуги за лабораториска дејност во зависност од техниката која се користи во здравствените установи кои имаат договор со Фондот, а се однесуваат за инфекции со корона вирусот ковид-19.

ФЗО информира дека лабораториски услуги за серолошки анализи на инфективните причинители (ЕЛИСА, ИгМ или ИгГ) се со референтна цена од 1.100 денари, а лабораториски услуги за молекуларни анализи за инфективни причинители и истите во зависност од техниката (Полимеразно верижна реакција – PCR и Мултиплекс PCR) и бројот на причинители (еден, повеќе или цел сет на вируси) кои истовремено се детектираат. Постојат повеќе различни лабораториски услуги со со референта цена од 3.000,00 до 5.500,00 денари.

Од Фондот за здравствено осигурување наведуваат дека во сумата на референтите цени се влезени сите трошоци за извршување на овие здравствени услуги, како што се труд на медицинскиот персонал, трошоци за медицински и друг, трошоци за одржување на апаратите и просториите, како и режиските трошоци.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ