
Нови 24 случаи на заразени од коронавирус во Македонија
24 нови случаи на заразени од коронавирус се регистрирани во изминатото деноноќие, соопшти министерството за здравство(МЗ). Вкупната бројка на заболени во државата сега е 201 лице.
Од новите случаи, повторно, најголем број се регистрирани во Скопје – 15, четири лица се тестирани позитивни во Куманово, двајца во Дебар, и по еден во Охрид, Тетово и Штип.
Скопје е градот со најмногу заболени од коронавирус, вкупно 123, потоа е Дебар со 43 заразени и две жртви, Куманово каде за само неколку дена се регистрирани 15 заразени но и една жртва, осуумина во Штип, по тројца заболени има во Велес и Охрид, двајца во Кавадарци и Прилеп и по еден заразен во Тетово и Гостивар.
Од министерството за здравство соопштија дека двајца пацинети кои беа во изолација на Инфектвната клиника се пуштени дома.
„Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 2 пациенти кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Пациентите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување. Со ова во земјата досега има 3 излекувани пациенти и 3 починати“, соопштија од министерството за здравство