Двајца заболени од КОВИД 19 во Прилеп- брачен пар чиј син бил на Копаоник

Во Прилеп денеска се регистрирани првите двајца заболени од КОВИД 19, информација што и официјално е потврдена од Министерството за здравство. Станува збор за две лица на возраст од шеесетина години, кои најверојатно се сопружници. Тие се префрлени на лекување во инфективната клиника во Скопје.

Се уште не се знае  како се заразиле,  но она што неофицијално се дознава дека сопружницте не патувале надвор од државата, но  член  на нивното семејство пред десетина дена се вратил од соседна земја. Исто така,   нема информација дали тој  биле во самоизлација после патувањето, но и дали е направен тест врз него.  Сега се проверуваат контактите кои ги имале сопружниците.

Од Општина Прлеп најавуваат  прес конфернеција попладнево на  градоначалнкот Илија Јовановски и директорката на Центарот за јавно здравје, Драгица Николоска, за кога се очекуваат повеќе информации, но и мерки  на општинскиот кризен штаб, откако денеска за првпат  вирусот КОВИД 19 е регистриран  кај две лица во Прилеп.

Емилија Мисирлиевска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ