Во Гевгелија 250 лица во самоизолација поради ковид-19

Во домашна самоизолација моментно се наоѓаат 250 лица од општина Гевгелија кои изминатиов период се вратиле дома од други земји. Ниту еден од нив, според епидемиологот Сашо Олумчев, нема симптоми на Ковид-19.

„Сите лица кои се во самоизолација, како што самите изјавуваат по телефон, се чувствуваат добро“, изјави Олумчев, кој потврди дека од вчера во подрачната единица на гевгелискиот Центар за јавно здравје е отворен и пункт за тестирање за сомнителни и позитивни пациенти.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ