Иванов: Нема да го дозволам донесувањето на законот за јазиците

Собранието во тензична атмосфера во која беше избегната и физичка пресметка меѓу поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, го донесе законот за употреба на јазиците.

Џафери тврди дека се е направено законски и деловнички. ВМРО-ДПМНЕ, пак, не го признава законот, го смета за неуставен и ќе оспори пред Уставниот суд, а против Џафери ќе поднесе кривична пријава. Против законот повторно се огласи и шефот на државата Ѓорге Иванов, кој најави дека повторно нема да го потпише.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ